Поштенски маратон за прв пат во Прилеп

35

Poster_Postal_Marathon

Првиот поштенски маратон е манифестација која има за цел промоција на поштенската дејност преку поддршка на трчањето на долги патеки и активниот начин на живот. Идејата на овој маратон е тој да биде традиционален и неговото одржување да биде во различни градови низ светот, се вели во соопштението.

Поштарите, како симбол на постојано движење низ улиците низ целиот свет, заземаат централно место во идејата на самиот маратон, прикажани преку учесниците на овој настан.

Првиот поштенски маратон ќе се одржи на први ноември во Прилеп, а генерален покровител на настанот е Македонска пошта АД.

Самата програма е оформена да ги вклучува сите возрасти и во неа да можат да се вклучат сите рекреативци: маратонска трка, полумаратонска трка, забавна трка од пет километри и деетска трка од еден километар.

За сите натпреварувачи од Скопје обезбеден е бесплатен превоз.

Регистрацијата е на веб страната: www.postalmarathon.com, а сите останати информации може да ги дознаете и на Facebook страната: www.facebook.com/postalmarathon.