Поштенскиот сообраќај има важна улога во вкупното царинско работење

40

Директорот на Царинската управа, Горан Сугарески и директорот на А.Д. Пошта, Јани Макрадули остварија средба на која разговараа за зајакнување на заедничките активности помеѓу двете институции во насока на подобрување на Поштенскиот сообраќај кој има исклучително важна улога во вкупното царинско работење, од причина што покрај испраќањето на поштенски писмоносни пратки, се врши праќање и на пакети кои претставуваат царинска стока.

Прекуграничната е-трговија целосно ја смени перцепцијата на Царината на меѓународно ниво и стана главен аспект на променливиот свет на производство, трговија и економија кој овозможува подобри економски можности и зајакната регионална соработка.

Во текот на 2020 година се спроведе Проект за модернизација на царинското работење во е-трговија и во поштенскиот сообраќај помеѓу Царинската управа на РСМ и Царината на Кореа.

Оваа година, ГИЗ започна нов регионален проект за модернизирање на прекуграничната е-трговија и поштенското царинско работење во рамки на ЦЕФТА. Целта на овој проект кој ќе трае четири години е:

  • подобрување на законодавството за е-трговија,
  • подобрување на даночното законодавство и
  • хармонизирање на царинските постапки во ЦЕФТА регионот.

Од овој проект ќе произлезат повеќе бенефити за двете институции од кои најважно е  поврзување на СОЦДАД на Царинската управа со ИТ системот на А.Д. Пошта, односно целосно дигитализирање на постапките.