Цените на соларните панели се зголемија за 18% во споредба со минатата година, што може да го забави масовното прифаќање на енергија од обновливи извори. По неколку години пад на цените на системите за производство на сончева енергија што ги направија достапни на голем дел од светот, вредноста на соларните панели нагло се зголеми.
Виновник за ова покачување на цените е полисилициум. Тоа е материјал изработен од силициум и најмногу се користи во производството на екрани за мобилни телефони и фотоволтаични системи со кои сончевата енергија се претвора во електрична енергија. Меѓутоа, во моментов има недостаток на овој материјал во светот.
Во последните 12 месеци цената на полисицилиумот се зголеми од 6,19 долари за килограм на 25,8 долари. Доколку овој материјал има дефицит во 2022 година, цените на соларните панели може да се зголемат уште повеќе.
Околу 80% од глобалното снабдување со полисицилиум доаѓа од Кина, каде што овој материјал се произведува на не еколошки начин – со согорување на огромни количини јаглен.
Фото: Pixabay