Поскапеа нафтата, златото и пченицата

Европските и американските берзански индекси денеска се мешани, цените на нафтата, златото и пченицата растат, додека пазарите ги чекаат податоците за стапката на невработеност во САД, кои ќе бидат објавени во 14 часот и 30 минути.

Индексот на Франкфуртската берза DAX во 9:30 часот порасна на 21.922,49 поени, московскиот MOEX на 2.974,24 поени, додека британскиот FTSE 100 благо падна на 8.720,55 поени, а францускиот CAC 40 на 8.005,30 поени. Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна на 44.747,63 поени пред денешното отворање на берзите во САД, додека S&P 500 индексот се искачи на 6.083,57 поени, а вредноста на Nasdaq на 19.791,99 поени.

Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта се искачи на 71.257 долари, а на нафтата од типот брент на 74.957 долари, пренесува Танјуг.

Европските фјучерси на гас за март се тргуваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 54,190 евра за мегават-час. Цената на златото порасна на 2.863,93 долари за унца, а на пченицата на 5,8896 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,03922, што е приближно исто како во четвртокот.