Поскапи горива од полноќ

39

Бензинот Еуросупер БС – 98 поскапува за 1,50, а бензинот Еуросупер БС – 95, Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе биде 65,50 денари за литар, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 56,00 денари, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 45 денари. Новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде изнесува 67,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.02.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 35,396 ден/кг.

Фото: Freepik