Поскапуваат горивата

29

Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за еден, а дизелот за половина денар, одлучи денеска Регулаторна комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се точи по 71,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 62,00 денари за литар.

Од полноќ новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за пола денар и ќе биде 62,00 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,772 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.06.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 36,009 ден/кг.

Фото: Pexels