Поскапуваат горивата

114

Горивата од полноќ добиваат нови и повисоки цени, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот Еуросупер БС – 95 поскапува за три денари и неговата нова цена ќе биде 57,50 денари за литар. Бензинот Еуросупер БС – 95 и дизелот Еуродизел (Д-Е V) поскапуваат за 2,50 денари, па нивните нови цени ќе бидат 59,50, односно 49,50 денари за еден литар.

Малопродажната цена  на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1),  изнесува 37,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 3,929 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 18.05.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 23,427 ден/кг.

Фото: Freepik