Поскапуваат горивата

96

Бензините поскапуваат за 1,50, а дизелот за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 62,50, а Еуросупер БС – 98 ќе се точи по 64,50 денари.

Новите цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) се зголемуваат за еден денар, па ќе бидат 53, односно 42 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,448 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.02.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 32,884 ден/кг.

Фото: Freepik