Од полноќ горивата добиваат цени повисоки од пола до 1,50 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Бензинот Еуросупер БС – 95 поскапува за еден денар, па неговата нова цена ќе биде 63,50 денари. За половина денар поскапува Еуросупер БС – 98 и ќе се точи по 65 денари за литар.
Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за 1,50 денари, па новите цени ќе им бидат 54,50, односно 43,50 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,458 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.02.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 34,342 ден/кг.
Фото: Freepik