Поскапуваат горивата од полноќ

114

Горивата од полноќ поскапуваат од еден до 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот Еуросупер БС-95 поскапува за еден денар и ќе чини 58 денари за литар. За еден денар поскапува и Еуродизел (Д-Е V) по што оваа недела се продава по 50 денари за литар.

Бензинот Еуросупер БС-98 поскапува за 1,50 денари и новата цена ќе му биде 60,50 денари за литар. Исто така, за 1,50 денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство што ќе чини 39 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,353 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 01.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 24,613 ден/кг.

Фото: Freepik