Поскапуваат горивата од полноќ

20

pumpa gorivo

Горивата од полноќ добиваат нови и повисоки цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе се продава по 63 денари, што е за 1,50 денари повеќе. Бензинот Еуросупер БС – 98, Еуродизелот (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапуваат за два денари. Новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе изнесува 65 денари, додека еден литар Еуродизелот (Д-Е V) ќе чини 50 денари. Новата малопродажна цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 38,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,67 денари за килограм во однос на цената утврдена со Одлуката од 03.10.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 24,078 денари за килограм.