Поскапуваат горивата

5

Фото: Pixabay

Горивата од полноќ добиваат нови и повисоки цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС – 95 поскапува за 1,50 денари и ќе се продава по 68,50 денари. За еден денар поскапува Еуросупер БС – 98 и ќе чини 70,50 денари. За исто толку поскапува и дизелот Еуродизел (Д-Е V) и ќе се продава по 61,50 денари за еден литар.

Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство е повисока за еден денар и ќе изнесува 51 денар за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,612 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 24.06.2019 година и со тоа малопродажната цената на мазутот М-1 НС изнесува 34,849 ден/кг.