Цените на возилата на Tesla ќе растат поради застој во синџирот на снабдување во автомобилската индустрија, посебно на суровините, напиша првиот човек на компанијата, Илон Маск, одговорајќи на еден tweet.
“Цените растат поради големиот притисок во синџирот на снабдување во целата индустрија, посебно на суровините“, напиша Маск во одговор на порака на несогласувањата со поскапување на возилата на Tesla, а со отстранување на одредени делови во Model Y.
Во мај Tesla ги зголеми цените на Model 3 и Model Ѕ, што е петто зголемување на цените за само неколку месеци.
Во април Маск изјави дека Tesla поминува “некои од најтешките предизвици“, наведувајќи дека главна причина за тоа е недостигот на чипови. Тогаш рекол дека проблемот е решен.
Новите сопственици на Model Y на Tesla нема да имаат лумбална потпора на совозачкото седиште.
Фото: Pexels