После три месеци се отвора Ајфеловата кула

35

Ајфеловата кула во Париз ќе биде отворена за посетителите на 25 јуни, по најдолгото затворање во својата историја од Втората светска војна.

Познатата кула беше затворена повеќе од три месеци поради епидемијата од коронавирус, објави управата на кулата, пренесува Reuters.

При посета на кулата, задолжително е носење маски за сите посетители постари од 11 години.

Француската влада од средината на мај започна да ги олеснува мерките воведени поради епидемијата, па така на шести јуни беше отворен Версај, додека за посетители музејот Лувр ќе биде отворен на шести јули.

Фото: Pixabay