Последен ден за регистрација за Глобалниот инвестициски самит

32

36eff9d5-fbd0-47ac-8382-38be56e3ad19Официјалната регистрација за Глобалниот инвестициски самит за Македонија, што од 8 до 10 октомври годинава ќе се одржи во Охрид завршува денес.

Заучество на самиот досега се имаат пријавено 180 македонски и странски компании од сите сектори. Учесниците ќе разговараат за бизнис можностите, инвестициите, конкурентноста, конкретни проекти, конкретни успешни примери, како и за меѓусебна соработка.

Во агендата на самитот се предвидени пет панелни дискусии на тема Конкурентност на Македонските компании, билатерални состаноци на учесниците и настани за поврзување: Гала вечера, коктели и хуманитарен концерт.

За време на самитот, ко-соновачот на инвестицискиот фонд СЕАФ Хубертус ван Дер Ваарт, ќе објави и детали за инвестицискиот фонд СЕАФ Македонија 1. Неговите пласмани ќе бидат наменети за мали и средни претпријатија (МСП) со развојна компонента.

Проектираниот инвестициски капитал е 15 милиони долари, а голем влог во истиот има и македонската дијаспора. При конституирање на фондот основната мисија е да се поддржат македонските МСП како најзначаен развоен сегмент во македонската економија.

Повеќе детали и пријавување на учество, компаниите можат да добијат на веб страницата на самитот www.mgisummit.org или да го контактираат организаторот, Македонија 2025 со своите прашања на +389 2 3218 631.