Последица од падот на социјалните мрежи: Вајбер се пофали со зголемување на бројот на инсталации

51

Иако неколкучасовниот пад на Фејсбук, Ватсап и Инстаграм предизвика непријатност кај корисниците и значителна финансиска загуба за Марк Цукерберг, тој период беше многу добар за нивната конкуренција. Компанијата зад апликацијата Вајбер проговори за несреќна ситуација што го погоди нивниот конкурент. 

Вајбер има значително зголемување на бројот на инсталации (5 – 10x повисок од вообичаеното) кои се зголемија 10 пати во периодот на најголемата потрошувачка. Исто така, имавме 75% зголемување на бројот на испратени пораки и 2 пати зголемување на бројот на повици.

Ваквите масовни прекини покажуваат дека корисниците треба да се подготват за вакви критични ситуации и подобро да чуваат неколку апликации за комуникација на нивните уреди. Ние во Вајбер ја разбираме важноста на поврзувањето и нашиот тим секогаш прави дополнителни напори да ја одржуваме нашата услуга стабилна дури и за време на периоди со голем товар – според компанијата.