Последниот емотикон – не праќај СМС додека возиш

24

Sprint

Април месец во САД беше месец на подигање на свеста за опасностите од одвлекување на вниманието при возење и за таа цел, телекомуникациската компанија Sprint направи специјална скулптура што ја постави во центарот на Мајами.

Скулптурата е наречена “Последниот емотикон” и е изработена од автомобил уништен во сообраќајна несреќа. Скулптурата е предупредување за возачите да не праќаат пораки од мобилните телефони додека се зад воланот.