Министрите за финансии на земјите членки на ЕУ постигнаа договор за пакетот помош од 500 милијарди евра за европските земји, сериозно погодени од пандемијата на коронавирусот. Претседателот на Еврогрупата, Марио Сентено, објави дека е постигнат договор по маратонските дискусии во Брисел.
Сепак, министрите не го прифатија барањето на Франција и Италија земјите членки на ЕУ да ги поделат трошоците за кризата со издавање на таканаречените “корона обврзници“.
Европската централна банка повика на одобрување на пакет помош до 1.500 милијарди евра, проценувајќи дека оваа сума ќе биде потребна за санирање на последиците од кризата.
И покрај ова, францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер го поздрави договорот, кој го опиша како најважниот економски план во историјата на ЕУ.
Фото: Pixabay