Постигнат е договор за отштета за блокадата на Суецкиот канал

21

Претставник на сопственикот и осигурител на гигантскиот товарен брод Ever Given што го блокираше Суецкиот канал во март, денеска изјави дека е постигнат начелен договор со управата на овој воден пат во спорот околу обештетувањето.

Во тек се активности за финализирање на договорот за спогодба што е можно поскоро, а аранжманот за ослободување на бродот Ever Given ќе се реализира откако ќе бидат завршени потребните формалности, пренесува Ројтерс.

Гигантскиот брод со контејнери Ever Given е закотвен во езерото меѓу двата дела на каналот од 29 март, кога беше поместен откако беше заробен во каналот шест дена, блокирајќи го минувањето на стотици бродови и нарушувајќи ја глобалната трговија.

Управата на Суецкиот канал побара 916 милиони американски долари отштета за да ги покрие трошоците за деблокирање на водниот пат, а потоа ја намали потребната сума на 550 милиони долари. Адвокатот на каналот Суецкиот канал, Халед Абу Бакр, на судското рочиште изјави дека сопствениците на бродот дале нова понуда за обештетување и дека во тек се преговори.

Фото: Facebook