Постојнска јама отпушта третина од вработените

125

Постојнска јама, којашто оваа година бележи намален број на посети од 83% поради пандемијата, ќе мора да отпушти повеќе вработени за да обезбеди долгорочна одржливост, пишуваат словенечките медиуми.

Колку работници ќе бидат отпуштени сè уште нема официјална потврда, но се очекува да бидат отпуштени 60 од вкупно 174 работници.

Инаку, Постојнска јама е дестинација што привлекува најмногу странски посетители. Минатата година беа регистрирани скоро 93% странци, а само 7% домашни гости.

Станува збор за пештера долга 20,5 километри, којашто децении наназад привлекува илјадници туристи поради нејзините природни убавини.

Фото: Pixabay