Построги правила за влез во Германија – Македонија во земјите со висок ризик

112
За неколку земји со особено голем број инфекции, вклучително и Македонија, од недела важат построги правила за влез во Германија. Контролата се спроведува на германските граници и аеродроми.
За да ја заштити Германија од увоз на нови случаи со корона, Сојузната влада класифицираше значително повеќе земји со висок ризик отколку порано.

За сите патници кои доаѓаат или се враќаат во Германија важи задолжителна регистрација на веб-страницата einreiseanmeldung.de, пред влегување во земјата.

Според Институтот Роберт Кох, во категоријата земји со голема инциденца (повеќе од 200 заразени на 100.000 жители за една недела) од 24.01. се следниве земји:

Во Европа – Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Словенија, Албанија, Шпанија, Португалија, Естонија, Летонија, Литванија, Андора и Чешка.

Во Африка и на Блискиот исток – Египет, Иран, Израел, Либан и Обединетите Арапски Емирати.

Во Јужна и Северна Америка – Панама, Колумбија, Боливија, Мексико и САД.

Во категоријата области во кои досега се појавија многу заразни мутации на коронавирус, спаѓаат: Велика Британија, Ирска, Северна Ирска, Јужна Африка и Бразил.

За патниците од овие земји, важат обете овие категории, влезот во Германија е дозволен само со негативен тест, којшто не смее да биде постар од 48 часа.

Патниците од ризичните области, земјите или регионите со инциденца над 50, мора да бидат тестирани не подоцна од 48 часа, по влегувањето во Германија.

Карантин

Во принцип, сите патници кои влегуваат или се враќаат во Германија и кои престојувале во ризични области во последните десет дена пред влегувањето, треба да поминат десетдневен карантин. Карантинот може да се скрати по пет дена, ако се направи друг тест којшто ќе биде негативен.

Фото: Pixabay