Потонат тенк, стар 76 години, ќе привлекува туристи во Мармарис

38

marmaris-pixabay

Фото: Pixabay

Воен тенк стар 76 години ќе биде “потонат“ на длабочина од седум метри во близина на брегот на турскиот град Мармарис, пишува Хуријет.

“Овој тенк беше на многу мисии во текот на Втората светска војна. Својата мисија ја заврши откако долги години им служеше на турските вооружени сили. Сега, тој ќе му служи на туризмот, да привлече нуркачи и да придонесе за екосистемот“, вели Тунчер Ујсал, шеф на нуркачкиот центар во Мармарис.

Тенкот ќе биде поставен под вода, на длабочина од седум метри, со помош на специјални балони. Со тоа ќе стане првиот потонат тенк во земјата, а ќе служи да привлекува голем број туристи и вљубеници во нуркањето.

Во јули минатата година, во туристичкото место Кушадаси беше потонат Airbus А330 со истата намена, да привлекува поголем број туристи.