Потпишан договор за рестартирање на фабриката Порцеланка

21

Во Велес вчера беше потпишан договор за реализација на инвестиција со индиската групација БРГ, со којшто ќе се рестартира поранешната фабрика Порцеланка, пишува Миа.

Инвестицијата е вредна околу 31 милион евра, а планирани се 1.000 нови вработувања што ќе бидат реализирани низ повеќегодишен план.

Новата фабрика ќе биде лоцирана во објектите на поранешна Порцеланка.

Групацијата БРГ во рестартираната поранешна фабрика Порцеланка ќе изработува производи од челик и кујнски прибор од не’рѓосувачки челик.

Компанијата има шест фабрики со 13.000 вработени и претставништва во повеќе светски метрополи. Годишниот обрт на компанијата изнесува 500 милиони евра.