Потпишан договорот за набавка на кинеските вакцини против Ковид-19

27

Министерот за здравство, Венко Филипче го потпиша договорот за набавка на вакцини против Ковид-19 од кинескиот производител Sinopharm, соопшти Министерството за здравство.

Оттаму истакнуваат дека со договорот Република Македонија треба да обезбеди 200.000 вакцини од кинеската компанија Sinopharm, кои се наведува дека ќе пристигнат овој месец, но точниот датум и сите информации поврзани со испораката се очекува да бидат утврдени во текот на следните денови.

“Министерството за здравство, почитувајќи ја одредбата од договорот за тајност, а во согласно со глобалната политика на сите компании за производство на вакцини, вклучително и на Sinopharm, истакна дека податоците што ги содржи договорот остануваат доверливи“, стои во соопштението.

Во него се наведува дека е направен детален план за транспорт на вакцината од аеродромот до економските оператори (веледрогерии), кои се задолжени за складирање на количините, а потоа и план за дистрибуција до вакцинални пунктови каде што ќе се спроведува вакцинацијата.

Фото: Pixabay