Компанијата Obermeyer Hellas Ltd и Македонски железници – Инфраструктура денес ќе потпишат договор за изработка на основен проект за пругата Бељаковце – Крива Паланка, која е дел од Коридорот 8.
За проектна документација Европската банка за обнова и развој обезбеди грант од 2,5 милиони евра. Планирано е истата да биде завршена до крајот на годинава за да може од Бордот на ЕБОР да бидат одобрени средства и за реализација на втората фаза.
Третата фаза ќе го опфати делот од Крива Паланка до границата со Бугарија.
За првата делница Куманово – Бељаковце која е планирано да заврши до 2017 година ЕБОР безбеди 46,4 милиони евра.
На потпишувањето ќе присуствува министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.