Потрошени 119,3 милиони долари на увоз на хартија

104

Увозот на хартија минатата година на глобално ниво достигна вредност од 169 милијарди долари, што претставува намалување од 6,1% во споредба со 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Петте најголеми увозници на хартија лани во светот беа: САД (17,3 милијарди долари), Германија (14 милијарди долари), Франција (8,5 милијарди долари), Велика Британија (7,5 милијарди долари) и Мексико (5,9 милијарди долари).

Македонија е 96-та во светски рамки со увезена хартија во висина од 119.312.000 долари или 3,6% помалку во однос на 2018 година.

Од земјите во регионот, најголем увоз на хартија лани имаше Грција (1.047.340.000 долари). Потоа следуваат: Словенија (731,1 милион долари), Србија (576 милиони долари), Бугарија (558 милиони долари), Хрватска (532,6 милиони долари) и Босна и Херцеговина (204,2 милиони долари).

Фото: Freepik