Потрошиле пет милијарди евра на домашни миленици

36

Германците трошат сè повеќе на домашни миленици, а минатата година потрошиле повеќе од пет милијарди евра, покажуваат податоците на трговските здруженија.

Луксузните продавници за домашни миленици оствариле промет од 4,3 милијарди евра, што претставува раст од околу 2,4% во споредба со 2018 година. Интернет пазарот, пак, пораснал за 705 милиони евра, а дури 105 милиони евра Германците ги потрошиле на храна за птици.

Храната за мачки претставува најголем удел во трошоците за домашни миленици, зголемувајќи се за 1,2% во однос на 2018 година, на речиси 1,6 милијарди евра. Храната за кучиња го заземала второто место со 1,5 милијарди евра, што е раст од 4,2% на годишно ниво.

Мачките и понатаму се најпопуларните домашни миленици кај Германците со 14,7 милиони. Следат 10,1 милиони кучиња и 5,2 милиони мали животни.

Се вбројуваат птици, риби и влекачи, домашни миленици имаат околу 45% од германските домаќинства, покажало истражувањето.

Фото: Pixabay