Потрошувачите во еврозоната се оптимисти и во иднина очекуваат помала инфлација

70

Потрошувачите во еврозоната очекуваат просечната инфлација во следните 12 месеци да биде 2,4 отсто, што претставува пад во однос на 2,7 отсто од претходната августовска анкета, заклучокот на истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ) за септември. Инфлациските очекувања на граѓаните на еврозоната за следната година сега се најниски од септември 2021 година.

Според извештаите, очекувањата за инфлација за следните три години се исто така пониски од минатиот месец бидејќи потрошувачите рекоа дека очекуваат инфлација да биде 2,1 отсто, што е помалку од август кога предвидуваа просечна инфлација од 2,3 отсто во следните 36 месеци. Потрошувачите очекуваат економскиот пад во следните 12 месеци да биде 0,9 отсто, што е исто како и во август.

Aнкетираните граѓани сметаат дека нивниот номинален приход ќе се зголеми за 1,3 отсто во следните 12 месеци, односно со побавно темпо од стапката на инфлација. Истражувањето е спроведено онлајн на примерок од околу 19.000 возрасни потрошувачи од 11 земји од еврозоната, поточно во Белгија, Германија, Шпанија, Франција, Италија, Холандија, Ирска, Грција, Австрија, Португалија и Финска, се наведува на веб-страницата на Европската Централна банка.