Потрошувачите во време на корона поминуваат низ 6 фази на купување, каде сме сега?

302

Од кога короната дојде во Европа и остатокот од светот, а потоа се случи пандемија, односно вонредна состојба, забележавме дека купувањето веќе не е исто, а можеби нема ни да биде  како порано. Агенцијата Nielsen, која спроведе анализа за продажба на прехранбени и фармацевтски производи во трговски ланци во време на криза, известува дека навиките на потрошувачите значително се промениле и ќе продолжат да се менуваат.

Tие ги проучувале глобалните трендови и однесувањето на купувачите на почетокот и за време на пандемијата. Освен “грабањето“ на тоалетна хартија низ цел свет, оваа агенција разгледуваше и некои детали, како што се фазите на набавката, и со тоа дојде до заклучок дека купувачот минува низ  шест нивоа за време на тековната пандемија. Накусо, сето тоа започна со зголемената набавка на средства за дезинфекција и маски, и продолжи со масовното купување на храна и други производи, како и создавање на залихи.

1. Проактивно купување

Во почетната фаза, купувачите се обидуваат да го заштитат своето здравје и тоа започна кон крајот на февруари. Агенцијата Nielsen се фокусираше на ситуацијата во  Хрватска и еве што забележаа: На 25.02 Хрватска го потврди првиот случај на вирусот корона, а истата недела, 23-29 февруари – забележа скок на продажбата кога станува збор за конзервирана риба, тестенини, брашно.

2. Залихи

Втората фаза, според нивна проценка, траеше од 9 март до 15 март и до тоа време купувачите веќе почнаа да купуваат храна за залиха.  Во истата недела, продажбата на брашно скокна дури за 410% во однос на истиот период во 2019 година, додека продажбата на ориз се зголеми за 301%. Слично беше и со тоалетна хартија, влажни марамчиња, сапуни.

3. Ограничено движење – помала продажба

Во Србија беше прогласена вонредна состојба на 15-ti март, и пристигнаа разни забрани. На пример на лицата над 65 години им е забрането да се движат во кое било време од денот. Ова секако придонесе за помалку гужва во продавниците, сепак, Nielsen посочува дека трошењето генерално не е пониско. Паничното купување стивна, но продажбата продолжи да расте. Брашно, масло, шеќер, прав, ориз, квасец и сапун беа најпродавани, така што ова беше и “фаза на подготовка за карантин“.

4. Ја откриваме магијата на онлајн купувањето

Купувачите сè повеќе се свртуваат кон онлајн купувањето. Испораката работи со полна пареа. Наместо да чекаат во ред, да носат ракавици и маски, тие избраа да порачаат што им е потребно на својата домашна адреса. .

5. Моментална состојба

Според проценките на агенцијата, сега сме во 5-та фаза од корона пазарењето. Тие исто така ја нарекуваат “ограничена фаза на живеење“.

6. Светлината на крајот на тунелот

Во последната фаза, потрошувачите веќе треба да се вратат во нивните редовни текови на потрошувачка. Но, тоа не значи дека сè ќе биде како што беше порано. Поради кризата што нè тресеше ќе останеме претпазливи дури и кога сè ќе заврши. Купувачите сè повеќе внимание ќе посветуваат на здравјето и хигиената. Нејзина главна карактеристика ќе биде и постојаната промена во синџирот на снабдување и засилувањето на онлајн продажбата. 

Фото: Pixabay