Потрошувачка по енергенти во јануари

17

Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2019 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 892.600 МWh електрична енергија, 43.315 мил. нм3 природен гас, 609.855 тони јаглен и 75.757 тони нафтени продукти.

Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 76,6% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97,8% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.