Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2020 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 671.057 МWh електрична енергија, 45.016 мил. нм3 природен гас, 402.743 тони јаглен и 85.862 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 60,8% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,2% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Фото: Freepik