Вкупната потрошувачка по видови енергенти, во октомври оваа година, изнесува 622.618 МWh електрична енергија, 22.497 мил. нм3 природен гас, 422.147 тони јаглен и 94.639 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 61,6% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,4% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Фото: Freepik