Потрошувачка по видови енергенти во март

44

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2016 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 673.382 МWh електрична енергија, 12.307 мил. нм3 природен гас, 505.286 тони јаглен и 83.107 тони нафтени продукти.

Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 72,2% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,6% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.