Потрошувачката на градежни материјали за 2017 опаднала за 24,7%

33

Деловните субјекти што се занимаваат со градежна дејност минатата година потрошиле за 24,9% помалку  градежни материјали и енергија во однос на годината пред неа. Според податоците на Државниот завод за статистика вкупната вредност на потрошени градежни материјали и енергија за 2017 година изнесува 9.701.532 илјади денари.

Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија, најголемо учество има групата Материјали за врзување со 3.574.938 илјади денари (36,8 %), а потоа следат групите Потрошено гориво со 1.336.566 илјади денари (13,8 %) и Изолациски материјали и премази со 1.184.713 илјади денари (12,2 %).