Потрошувачкиот кредит на Стопанска банка со две години гарантирана камата

26

stopanska-banka

Стопанска банка, во период од први април до 30-ти јуни, за сите одобрени барања за потрошувачки кредит обезбеди две години гарантирана каматна стапка во износ од 6% годишно и 100% ослободување од административни трошоци.

“На тој начин, клиентите кои сакаат да поднесат барање за нов кредит до 15.000 евра без обезбедување или да рефинансираат постојни кредитни производи од Банката или од други банки во Македонија можат да добијат кредит со еднакви месечни рати во првите 24 месеци и подобро да го планираат семејниот буџет“, стои во соопштението.

Дополнителна предност во процесот на аплицирање и одобрување имаат клиентите кои платата ја добиваат преку Стопанска банка, односно се дел од Плата+ семејството на клиенти.