Потрошувачкото расположение во ЕУ благо се подобри

14

Расположението на потрошувачите во еврозоната и ЕУ благо се подобри во февруари, според истражувањето на Европската комисија во средата.

Индексот на очекувањата на потрошувачите во еврозоната се зголеми во февруари за 0,6 поени во однос на јануари, на минус 15,5 поени, пресмета Комисијата.

Истражувањето покажува стабилизирање на расположението по наглото влошување на почетокот на годината кога индексот се намали за еден поен, што означува пригушување на оптимизмот од крајот на 2023 година.

Во февруари, индексот што го мери расположението на потрошувачите во ЕУ, исто така благо порасна, за 0,4 поени, на минус 15,8 поени. Во јануари неговата вредност беше речиси непроменета во однос на крајот на минатата година.

Двете вредности сè уште се значително под долгорочниот просек, нагласуваат од Комисијата.

Податоците за истражувањето за расположението на потрошувачите беа собрани од 1 до 20 февруари во 25 земји на ЕУ и покриваат 98 отсто од финалната лична потрошувачка во еврозоната и 97 отсто во ЕУ.

Комплетниот извештај за очекувањата во економијата комисијата ќе го објави на крајот на месецот.