Поттикување на енергетската ефикасност, како можат да придонесат локаните заедници

18

Германското друштво за меѓународна соработка- Отворен регионален фонд за енергетска ефикасност, Фондацијата Конрад Аденауер во Република Македонија, како и Центарот за истражување и креирање на политики ја изработката публикацијата под наслов: “Поттикување на енергетската ефикасност, како можат да придонесат локаните заедници”.
Во публикацијата е направена сеопфатна анализа на правната рамка на Република Македонија и Европската Унија во делот на енергетската ефикасност, како и анализа на проблемите и пречките со кои се соочуваат општините при унапредување на енергетската ефикасност. Оваа публикација исто така, содржи и дел во кој се предвидени и предизвиците на невладиниот сектор и компании кои работат во дејноста на енергетската ефикасност.