Потврден прв случај на корона вирус во Хрватска

128

Во Хрватска е потврден прв случај на корона вирус, а пациентот е сместен на Клиниката за инфективни болести во Загреб, пренесува Пословни дневник.

“Утврдено е дека го имаме првиот пациент со корона вирус“, потврди хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Тој додаде дека станува збор за млад човек кој е во Загреб.

“Денеска ги добивме резултатите од тестовите на хрватскиот државјанин кој престојувал во Милано во периодот од 19 до 21 февруари. Тој покажува поблаги знаци на болеста, ги преземаме сите мерки на претпазливост. Ќе се концентрираме на контактите коишто ги има остварено“, изјави хрватскиот министер за здравство, Вили Берош.

Инаку, во Загреб се одржа и итен состанок на здравствените власти за тоа какви дополнителни мерки треба да се преземат да се спречи евентуалното ширење на вирусот.

Фото: Pixabay