Потврдени се 266 случаи на салмонела од чоколадни јајца

86

Здравствените претставници на ЕУ соопштија дека се потврдени 266 случаи на инфекција со салмонела, вклучително и 58 можни случаи на бактеријата, поврзани со чоколадни јајца.

Случаеви се пријавени низ Европа, но и во Северна Америка.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) соопшти дека 86,3 отсто од случаите се кај деца под 10-годишна возраст, а кога станува збор за сите случаи, 41,3 отсто од заразените морале да бидат хоспитализирани.

Не се пријавени смртни случаи, објави АП. Случаи на салмонела се пријавени во 14 европски земји, како и во Канада и САД.

ECDC сè уште се сомнева во белгиската фабрика.

Затворањето на фабриката во април, глобалното повлекување на нивните производи од полиците „го намали ризикот од изложеност на бактерии, но може да се појават нови случаи поради долготрајноста на производите и можното чување на чоколадото дома“, соопшти агенцијата.

На почетокот на април службите за контрола на квалитетот на храната во неколку европски земји објавија дека италијанската компанија Фереро повлекла контингент од чоколадо Киндер поради сомневање дека има поврзаност помеѓу производот и салмонелата.

Во 10 од вкупно 81 позитивен примерок добиени во белгиската фабрика во декември и јануари се идентификувани два вида на бактеријата, кои се отпорни на неколку лекови, пренесува Телеграф.рс.

Бактеријата е пронајдена во матеница, полупроизводи и готови производи. Матеницата е обезбедена од италијански добавувач, каде салмонела не била откриена.

„Врз основа на достапните докази, салмонела не е откриена во други фабрики“, соопшти ЕЦДЦ во средата.

Фото: Pixabay