Повеќе од 30.000 вработени го тужат McDonald’s

79

mcАмериканските работници поднесоа тужба против најголемиот ланец за брза храна McDonald’s, тврдејќи дека им крадат од платата со незаконско мерење и прикажување на помалку работни часови.

Вработените и нивните адвокати поднесоа седум заеднички тужби пред сојузните судови во Калифорнија, Мичикен и Њујорк, во кои бараат да им бидат исплатени украдените износи палта, објави Ројтерс.

Тужителите тврдат дека McDonad’s, кој меѓу другото лани оствари добивка од 5,6 милијарди долари, редовно им ги крателе и така малите плати на работниците, не плаќајќи им ги сите одработени саати.

Вработените наведуваат дека ги присилувале да работат прекувремено и дека не им ги плаќале тие одработени часови. Тие им ги бришеле работните часа од евиденциските картички и им ја одземале паузата за оброк и одмор.

Тужбите во трите сојузни американски држави, застапуваат повеќе од 30.000 работници во McDonald’s.