Повеќе од пет милиони луѓе станаа милионери во пандемиската година

64

Пандемијата на коронавирус предизвика економска штета ширум светот, но исто така беше и благодет за богатите. Oколу 5,2 милиони луѓе станаа милионери минатата година, додека бројот на оние “тешки“ најмалку 50 милиони долари се зголеми за речиси една четвртина.

Извештајот на Credit Suisse  открива дека вкупното глобално богатство акумулирано од домаќинства пораснало за околу 28,7 милијарди долари во 2020 година.

Студијата проценила дека на крајот на 2020 година имало 56,1 милиони милионери ширум светот, што е за 5,2 милиони повеќе од претходната година.

Околу една третина од новите милионери се од САД. Додека околу 90 % од милионерите имале нето вредност од помалку од пет милиони долари.

Фото: Pexels