Повеќе патуваме со автомобил одошто со автобус или воз

49

Автомобилите доминираат кога станува збор за вид на превоз во рамки на земјите членки на Европската унија, а ист е случајот и кај нас. Податоците на Eurostat покажуваат дека во 2018 година, патувањето со автомобил е околу 82,9% од сите патувања во ЕУ, во споредба со 9,3% патување со автобус и 7,9% до воз.

Во нашата земја, во текот на 2018 година, 76,4% од патувањата биле со автомобил, 23% со автобуси и само 0,6% со воз.

Меѓу земјите членки на ЕУ, најголем удел во патничките километри поминати со автомобил има Литванија и тоа 90,4%, што се однесува со патување со воз, Австрија го има најголемиот удел од 12,9%, а кога се работи за патувања со автобус, тогаш лидер е Унгарија со 20,8%.

Со автомобили, освен Литванија, најмногу патуваат и жителите на Португалија (88,4%) и Словенија (86,4%). Освен Австријците, со воз патуваат и жителите на Холандија (11,2%) и на Франција (10,3%). За автобус, освен најмногу Унгарци, се одлучуваат и жителите на Кипар (18,9%) и Малта (17,5%).

Фото: Pexels