Маркетот Рептил во скопската населба Црниче е реновиран и проширен. На 481 метар квадратни, потрошувачите сега ќе можат да уживаат во топлите јадења, свежото месо и риба, свежите торти и колачи и останатите производи од проширениот асортиман. Во маркетот има месара со свежо месо од Македонија, рибарница со свежа речна и морска риба, оддел за готови јадења, оддел за слатки каде што се нудат и торти без глутен, колачи без шеќер, како и колачи од висококвалитетно белгиско чоколадо. Тука се и секциите за домаќинство, за текстил и детско катче збогатено со играчки, сликовници и детска литература.
“Проширувањето и додавањето на овие сектори е направено за целосно да се задоволат потребите на нашите лојални купувачи. Со тоа сакаме да го олесниме нивното пазарење и да им овозможиме се што им е потребно да најдат на едно место, место што им е најблиску до домот, место каде што ќе бидат љубезно пречекани и услужени со најдобрата услуга во градот“, велат од Рептил маркети.