Повеќето Јапонци се за откажување или друг термин за Олимпијадата

84

Околу 80% од Јапонците сметаат дека одложените Олимписки и Параолимписки игри во Токио би требало да се откажат или да се промени терминот за нивно одржување, покажува најново истражување.

Околу 35,3% од испитаниците се залагаат за тоа Игрите да се откажат, а 44,8% сметаат дека најголемиот спортски настан во светот би требало уште еднаш да се одложи.

Поради пандемијата, во март минатата година Меѓународниот олимписки комитет и Јапоnија за една година ги одложија Олимписките игри, коишто би требало да се одржат ова лето.

Властите во Јапонија прогласија еден месец вонредна состојба поради пандемијата што важи за Токио и околните региони поради зголемен број на новозаразени.

Фото: Freepik