Повеќето земји од ЕУ не рециклираат доволно отпад

Повеќето земји-членки на Европската унија се блиску до неисполнување на поставените цели за рециклирање на отпадот и материјалот за пакување, предупреди во четвртокот Европската агенција за животна средина (ЕЕА).
Ризикот дека барем една од целите за 2025 година нема да биде исполнета постои во 18 од 27 земји-членки, според ЕЕА. Германија добро стои и е една од деветте земји што ќе ги исполни сите клучни цели.

Целта на анализата е да ги поттикне земјите-членки да ги имплементираат законите на ЕУ за управување со отпад и да им помогне на оние кои доцнат со нивното спроведување. Студијата покажува дека многу земји од ЕУ ќе мора да ги засилат своите напори.

Намалувањето на количината на отпад и рециклирањето се меѓу основните принципи врз кои ЕУ се стреми да изгради одржлива економија. Во овој контекст, Унијата поставува цели на секои пет години, со следниот праг во 2025 година.

Дотогаш, најмалку 55 отсто од ѓубрето од приватни домови и 65 отсто од амбалажата мора да се рециклираат.