Повик за апликанти за младинските лидерски кампови ГЛОУ и ИМЛП

39

 Младинската асоцијација ИМКА Битола во партнерство со Мировниот Корпус на Македонија го објави повикот за апликанти за младинските лидерскикампови GLOW (Girls Leading Our World – Девојките го водат светот) и YMLP (Young Man’s Leadership Project – Младинскиот лидерски проект). Повикот се однесува за 160 средношколци од цела Македонија.

Кампот GLOW ќе се одржи во периодот од 21-28 jули, а кампот YMLP ќе се одржи од 7-14 jуни во Крушево. Сите кампери добиваат 88% стипендија за покривање на трошоците, а потребно е да платат учество од само 2.000 денари. Трошоците вклучуваат: сместување, три оброци дневно, две ужини дневно, потребни материјали, програмски трошоци и групно осигурување за времетраење на кампот.

Објава на повикот и апликација: Bit.ly/GLOWYMLPApp18. Крајниот рок е 30-ти Април.

Одржувањето на камповите GLOW и YMLP е овозможено со поддршка од: ОКТА, Тинекс, Алкалоид, Пекабеско, Жикол, и други донатори.

За камп ГЛОУ: Кампот GLOW е мултикултурен камп за лидерство што ги зајакнува младите девојки и ги инспирира да станат лидери во нивните заедници. Девојките учат за самодоверба, пријателство, пособување на жената, животната средина, волонтерство, уметност и друго. Кампот GLOW се изведува на англиски јазик.

За камп YMLPКампот YMLP е камп во американски стил, наменет за момчиња. Тоа е мултикултурен камп за лидерство со неформална наставна програма фокусирана на: лидерство, личен развој, заштита на животната средина, граѓанска одговорност и друго. Камперите исто така учат основни вештини за кампување и имаат можност да постават шатори, камперски оган, да зготват храна, како што ротираат со спиење во кабини и шатори.

Лице за контакт: Виктор Илиев 070 59 43 41.