Повик за кофинансирање на новите лозови и овошни насади подигнати од октомври до декември 2015

38

Објавен е повик за поднесување барања за финансиска поддршка на новите лозови и овошни насади, како и на новите површини со медоносни растенија, подигнати од први октомври до 31 декември 2015 година, пишува Миа.

Повикот се однесува и на набавениот добиток во истиот период од признати одгледувачи.

Како што соопштија денеска заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски и директорката на Платежната агенција Билјана Вуковиќ, рокот за пријавување е до 29-ти февруари годинава, а право на користење на средствата имаат евидентираните, регистрирани земјоделци.

Максималната вредност на инвестициите кои, зависно од типот се кофинансираат 50% до 75%, е до 2,5 милиони денари за новите и до 6,5 милиони денари за набавениот добиток.

Досега за оваа намена, како што се наведува, се исплатени преку 1,1 милион евра на повеќе од 400 земјоделци.

Барањата за финансиска поддршка и на овој оглас се поднесуваат електронски. Детални информации за повикот може да се прочитаат на www.ipradpa.gov.mk.