CEED YEL EDU, програмата за млади претприемачи и лидери на возраст од 8 до 18 години, објавува јавен повик за новите уписи коишто се во тек.
Програмата има за цел да пренесе искуства на најмладите од областа на претприемништвото и лидерството преку членовите, соработниците и партнерите на бизнис заедницата во CEED MK.
Исто така CEED YEL EDU нуди и едукативни средби на теми во врска со потребните способности и вредности за 21-от век, ги запознава учесниците со обработка на бизнис случај (бизнис план).
Програмата вклучува и посета на компании, изработување на бизнис идеа (виртуелна компанија), презентација на изработените бизнис идеи/случаи, како и кариерно советување (во договор со родителот).
Ве повикувамe на заедничка средба со кратка индивидуална /групна презентација на ден среда 05.09.2018 год. од 16 до 18 часот, во просториите на CEED Hub Skopje (во дворот на Машински Факултет) на ул. Руџер Бошковиќ бр.18 Скопје, каде што подетално ќе се запознаете со начинот на спроведување, времетраењето и условите за влез во Програмата.
Местата се ограничени, а заинтересираните можат да се пријават најдоцна до 14.09.2018.
Контакт лице: Цанка Велкова – координатор на CEED YEL EDU.
Тел.075295075
Е-маил [email protected]