Повик за учество во едукативна и развојна програма за основање нови социјални претпријатија

135

Центарот за развој на претприемачи и менаџери CEED Македонија од Скопје објавува отворен повик за едукативна и развојна програма за основање нови социјални претпријатија и јакнење на новоформираните. Работилницата ќе се одржи на 27, 28 и 29-ти јуни 2018-та година во Струга, а во рамките на проектот, „SE – Bridge“ финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија на Европската унија.

Целта на проектот е зајакнување на социјалните претпријатија (СП) во прекуграничниот регион преку поддршка за формирање нови, зацврстување на нивните капацитети за раст и развој, но и на капацитетите на веќе постоечките социјални претпријатија. Воедно, проектот работи на овозможување подобра соработка на социјалните претпријатија со традиционалниот бизнис сектор.

Вредноста на оваа едукативна и развојна програма е 1.000 евра, но во рамките на овој проект трошоците ќе бидат целосно покриени од страна на проектот. Поради тоа, селектираните учесници не плаќаат никаков надоместок за учество.

За учество во обуките, потребно е да се пополни апликацијата на следниов линк, најдоцна до 20-ти јуни 2018-та година.

Сите пријавени кандидати и кандидатки ќе бидат известени за резултатите најдоцна една недела по затворањето на повикот.

Најдобрите три учесници од програмите организирани во рамките на проектот ќе добијат грантови од по 3000 евра кои ќе треба да ги искористат за развој на своите новоформирани социјални претпријатија.

Едукативната и развојна програма е наменета за поединци, тимови од две или повеќе лица, здруженија на граѓани, месни заедници и други соодветни кандидати кои имаат идеја за отпочнување на ново социјално претпријатие, или пак имаат новоформирано социјално претпријатие чиј модел допрва треба да се развива и јакне, и при тоа доаѓаат од југозападниот или пелагонискиот регион во Македонија.

Проектот „SE-Bridge“ се реализира во соработка помеѓу: Центарот за развој на претприемачи и менаџери CEED Македонија од Скопје, Асоцијација за истражување, комуникации и развој, Паблик, Македонија од Скопје, Центарот за обука на рурални жени од регионот Дибер, Агритра Визион, Албанија и CEED Албанија.

За подетални информации можете да се обратите на следниве контакти:

Ана Трповска, Foundation CEED Macedonia – [email protected]

Александра Илоска, Public – [email protected].