Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во третото тримесечје од 2019 година е за 0,1 процентен поен повисок во однос на претходното тримесечје, а e зголемен за 0,5 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2018 година.
Eкономската состојба на деловните субјекти во третото тримесечје од 2019 година е незначително поповолна во однос на претходното тримесечје, а e поповолна во однос на истото тримесечје од 2018 година. Се очекува да биде поповолна и во наредните две тримесечја. Количеството на залихите е незначително зголемено во однос на претходното тримесечје.
Финансиската состојба во третото тримесечје од 2019 година е поповолна во однос на претходното од 2019 година.
Оценката за очекуваните порачки за наредниот период се дека ќе се зголемат, а се очекува да се зголеми и бројот на вработените.
Продажните цени во третото тримесечје од 2019 година се намалиле во однос на претходното, а се очекува нивно намалување и во наредните три месеци.
Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на третото тримесечје од 2019 година имале: недостигот на обучен кадар со 22,4%, зголемената конкуренција на пазарот со 19,5%, зголемените трошоци за труд со 17,9% и слабата побарувачка од купувачите со 17%.
Фото: Pixabay